Пролет со нов десен бек во новата сезона

Претставникот на Македонија во Купот на ЕХФ почна со акција во засилување на екипата за следната сезона, но и со задржување на ракометарите кои во минатата сезона понесоа голем товар во битката за излез во Европа, а веќе им завршија договорите.

Нов член на Пролет е Ѓорѓи Дука. Се работи за млад ракометар кој е роден 1999 година и кој настапува на позиција десен бек. Шутира со лева рака, па ова ќе биде зголемување на конкуренцијата на ова место.

Ова е продолжување на традицијата на клубот да им се дава шанса на младите ракометари за да успеат да се докажат на теренот и секако одлична можност да се напредува.

Соработката ја продолжи Стефан Стојановски. Еден од играчите кои во минатата сезона имаше голема улога пред сè во одбраната и во следните две сезони ќе биде дел од тимот на Пролет, па со ова е јасно дека екипата која избори пласман во Европа сега добива само на засилување.