Пролет почна со подготовки, Кизиќ единствено засилување

Тимот на Пролет ги стартуваше подготовките за новата сезона, во која клубот го задржа костурот на тимот. Пролет не отстапува од цврстата стратегија за настап исклучиво со македонски ракометари, што ќе биде случај и во новата сезона од Суперлигата.

Засега е потпишано само едно ново засилување, голманот Никола Кизиќ кој бранеше за Струга, а претходно има настапувано и за Вардар Јуниор. Тој ќе го наследи на нашиот гол искусниот Кимевски, кој ја заврши кариерата. Во првиот тим се прекомандувани и најперспективните ракометари од младинската школа.

Пролет летово беше фокусиран на задржување на најдобрите ракометари, па така продолжена е соработката со капитенот Ласко Андоновски, кој одби неколку понуди од Македонија и странство за да остане во Пролет. Нови договори се потпишани и со браќата Филип и Александар Василевски.

Исто така, во завршна фаза се преговорите за ангажман на нови ракометари, а покрај Кимевски Пролет летово го напуштија и Јовчевски, Трајковски и Манасков.