Пролет и Цемс со меѓународен тест против ОАЕ

Репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати до 20 години продолжува со подготовките во Скопје и со одигрувањето на контролни средби, а последните два меча беа одиграни против составите на Пролет и на Цемс.

Суперлигашот Пролет имаше убедлива игра и триумф од дури 16 гола разлика. Победата беше обезбедена со 36:20 и тука се виде големата ралзика во квалитет. Уште на полувреме беше обезбедена висока разлика од осум гола, 17:9, па немаше проблеми за конечен триумф.

Цемс мина поинаку. ОАЕ го доби овој натпревар со 26:24, а на полувреме беше 13:13. Сепак, ова беше добра проверка за младите ракометари кои се подготвуваат за настапите во Првата лига, а сезоната стартува на 15 и 16 септември.