Прокоп со засилување пред Македонија: Лемке патува кон Загреб, ќе го менува Рошек

Селекторот на Германија, Кристијан Прокоп ќе прави измена пред мечот против Македонија. Тој го повика Фин Лемке кој треба да допатува во Загреб за да го заземе местото на Бастијан Рошек.

300x250

Ова е знак дека Прокоп стравува и сака да има еден свеж ракометар кој ќе може да помогне и во напад и во одбрана за да добие нешто повеќе и на висина. Се работи за ракометар кој е висок 210 сантиметри, па јасно е дека ќе има задача да ги запре македонските бекови и шутевите од далечина.

Лемке доаѓа за да игра против Македонија, па останува да се види дали оваа замена ќе му донесе нешто повеќе во играта на Прокоп, кој после просечната игра на неговите момци против Словенија очигледно не е задоволен од тоа како се движи формата на дел од ракометарите.