Проектил на Драгана Цвијиќ со звукот на сирената: Србија освои голем бод против Германија

Репрезентацијата на Србија освои голем бод во 3 коло од групната фаза на Мундијалот во Германија, токму против домаќинот. Најзаслужна за овој резултатот е ракометарката на Вардар, Драгана Цвијиќ, која со звукот на сирената постигна гол за реми, 22:22.

Жестоката битка траеше во текот на целиот меч. Германките во првиот дел во два наврати имаа максимални плус 4, додека Србинките најмногу имаа плус 3 во вториот дел. Сепак немаа доволно сила, ниту умешност и среќа во клучните моменти, кога имаа и две ракометарки повеќе да направат капитална предност.

При 22:21, Германија имаше и напад на 33 секунди до крајот, но ја загубија топката и Цвијиќ погоди за голем бод, 22:22.