Проблеми за Шведска, остана без најдобриот од последното ЕП

На последниот натпревар од прелиминарната фаза на Светското првенство меѓу Шведска и Унгарија, ракометарот кој лани беше МВП на Европското првенство во Хрватска, Џим Готфритсон мораше предвреме да го напушти теренот.

При еден дуел пред голот на Унгарија на линијата за шест метри репрезетативецот на Шведска се пожали на повреда. Според она што беше забележително има повреда во пределот на потколеницата, а теренот го напушти во 45. минута. Поради сериозноста ногата му беше имобилизирана и остатокот од натпреварот го помина покрај теренот во лежечка положба.

Според тоа како беше изнесен од теренот највеојатно се работи за сериозна повреда. Готфритсон е неизневесен за втората рунда на првенството што би било голем хендикеп за Шведска. Без него во тимот нападот на Шведска ќе биде ослабен.