Проблеми за Стружанка: Тренерот Паноски суспендиран четири натпревари!

Тимот на Стружанка во продолжение од Женската лига, ќе мора да се снаоѓа без услугите на својот прв тренер Владимир Паноски. Струшките ракометарки во последното коло забележаа голема победа над Металург со 25-23 и ја направија интересна трката по лидерската позиција.

Од судиската двојка Ќаеви, Паноски најпрво доби опомена уште во 8. минута, а веднаш потоа и исклучување од две минути. Во вториот дел, кога се кршеше резултатот, Паноски уште еднаш реагираше до судиската двојка и овојпат доби црвен картон и мораше да се пресели на трибините.

Дисциплинската комисија при РФМ, го казни Паноски со четири меча суспензија и тој нема да може да ја води неговата Стружанка на следните натпревари од Женската лига.