Проблеми за Келце, но проблеми и за Вардар: Мораеш остана во Скопје

Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо се соочува со мали проблеми пред натпреварот против Келце. Тој повторно ќе има само два пивоти во составот, па после само еден меч на кој беа сите тројца одново еден е надвор од тимот.

Рожерио Мораеш остана во Скопје и не отпатува во Полска, а причината не е во коленото коешто му задаваше проблеми на последните неколку натпревари. Како што објави самиот ракометар на својот профил на Инстаграм се работи за здравствени проблеми. Тој има температура и не можеше да отпатува со колегите за Полска.

Болеста го спречи големиот борец да биде дел од составот на ракометари кои ќе играат во 5. коло од Лигата на шампионите. Вардар ќе мора без ракометарот кој имаше голема улога во победата над Веспрем, но тука е Стојанче Стоилов кој се врати во екипата на минатата средба против Рајн Некар.

Другите ракометари се во составот и се во комбинација за настап против шампионот на Полска на средбата која се игра в недела од 17 часот.