Проблеми за Вардар: Без капитенот во второто полувреме против ПСЖ

Вардар го игра првиот натпревар на турнирот во Стразбург во Франција и после првите 30 минути има 20:14, но во второто полувреме ќе мора да игра без капитенот Стојанче Стоилов.

300x250

Тој при дуел со Лука Карабатиќ во обид да дојде до топка добил повреда на дланката. Карабатиќ паднал врз него, па докторскиот тим не сака да ризикува и Стоилов нема да игра во вторите 30 минути.

За да се види за каква повреда се работи ќе мора прво да биде направена снимка на дланката и потоа ќе биде познато дали ќе биде подготвен за утрешниот дуел против тимот на Мешков Брест.

Во првиот дел голманот Милосављев успеал да собере осум одбрани, додека во нападот Тимур Дибиров со шест гола засега е најефикасниот. Зад него со четири гола е Сергеј Горбок.

Инаку, Вардар на овој дуел покрај Игор Карачиќ го нема и Вуко Борозан, кој исто така се пожали на повреда.