Пристигна замена за Флоријан Делекроа во Рен

Двегодишната авантура во Швајцарија за Михал Зиба и официјално тој ја заменува лигата во Швајцарија со најсилната во Франција.

300x250

Десниот бек од Полска, ќе настапува во дресот на 12. пласираниот тим од претходната сезона, а тоа е екипата на Рен. Полјакот доаѓа од екипата на Кадетен Шафхаузен и ќе претставува замена за Флориан Делекроа кој неодамна го засили Нант.

Во таборот на Французите не се крие задоволството од новото засилување.

„Ја искористивме можноста да анажираме квалитетен играч пред почетокот на новата сезона. Негова богата интернационална кариера ќе биде негов најголем адут“, вели тренерот на Рен, Кристијан Гаудин.

Зиба е силен адут во својата репрезентација откако успеа да го освои третото место на Мундијалот во Катар. Во мемориите на фановите ќе остане запаметен неговиот настап во натпреварот за 3. место на истото Светско првенство на кое Зиба против Шпанија погоди осумпати и го одведе својот тим во продолженијата по кои успеаја да ја освојат бронзата.