Прилепчани прво ќе се преструктуираат, па ќе се засилуваат

Екипата на Прилеп успеа во последното коло од минатата сезона со победа во Автокоманда против Металур 2 да се избори за опстанок во Супер машката лига, а летово ќе биде активно бидејќи се подготвуваат промени во екипата.

300x250

Од она што 24 Ракомет го дознава ќе има промени и во раководството и во играчкиот кадар. Засега нема конкретни информации, но се очекува Управата на Прилеп да претрпи одредени промени и во неа да се најдат нови членови.

Покрај тоа што се очекуваат промени меѓу раководните лица ќе има промени и во играчкиот кадар. Штом ќе биде преструктуиран раководниот дел од клубот ќе дојде и до засилување на екипата.

Се очекува веќе во текот на следната седмица да има вести околу тоа како Прилеп ќе влезе во новата сезона, но се очекува тимот да биде посилен од лани и да влезе посигурно во шампионатот.