Признание за Митревски во Романија

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, е избран за МВП на 10 коло во романскиот шампионат. Тој се најде на првото место според гласовите на ракометните фанови далеку пред конкуренцијата.

Тој имаше фантастична партија на дуелот меѓу неговата Констанца и тимот на Фагараш, кој беше совладан со 33:22. Најголеми заслуги за убедливата победа беше Митревски, кој запре дури 19 одбрани, а постигна и 1 гол.