Пречката ја спаси Србија, Црна Гора сигурна, и двете обезбедија ЕП (ВИДЕО)

Репрезентациите на Србија и Црна Гора во последното коло имаа задача да остварат победа која ќе ги однесе на Европското првенство. Двете селекции успеаја да ја остварат целта во овој квалификациски циклус со победите на Швајцарија и Украина.

Србија имаше многу мака да ја совлада Швајцарија. Првото полувреме беше неизвесно и постојано изедначено се до послените моменти кога Србите наравија предност од два гола, 19:17. Во вториот дел Србија ја зголеми предността и ја одржуваше до финишот. Во последните минути Швајцарија успеа да ја стигне негативата и да поведе, но домашните издржаа, со два гола го свртеа резултатот повторно во нивна корист. Швајцарија имаше напад за израмнување, но не го организираше добро и им остана да изведат само удар од девет. Ударот заврши во пречката на голот на Дејан Милосављев и Србија забележа победа 32:31 која им беше неопходна за пласман на ЕП.

Црна Гора на домашен терен многу полесно од очекувањата ја совлада Украина 27:21 и обезбеди пласман на ЕП. Црногорците имаа одлично прво полувреме кога направија огромна предност 15:7 и практично го решија победникот на овој меч. Во второто полувреме рутински го одржуваа водството и остварија конечна победа.

Во следното видео погледнете ги последните моменти од натпреварот Србија – Швајцарија и како пречката ги спаси Србите.