После 4. коло во Групата 1 од Првата машка лига има промени на врвот, а дури четворица ракометари се распоредени во четири погодоци, па сосема извесно е дека и после следното коло може да дојде до смена.
Како што стојат сега работите Преспа ги има двајцата најдобри стрелци кои имаат 34 и 33 гола. Шиклески и Башевски одиграа најдобри и на последниот натпревар, па тие продолжуваат да играат ефикасно со што доаѓаати до голем број на голови.
Тука се и Роглед и Николовски, но не се далеку ниту другите во Топ 10 така што Групата 1 е можеби поинтересна во моментов во однос на битката за врвот кај стрелците и има поголема израмнетост, а со тоа и најава за поголема битка во натамошниот дел од сезоната.
ПРВА МАШКА ЛИГА – ГРУПА 1
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)
34 – Филип Шиклески (Преспа)
33 – Кире Башевски (Преспа)
32 – Никола Роглев (Младост Богданци)
31 – Стефан Николовски (Работнички)
29 – Илија Грозданов (ГРК Тиквеш)
25 – Христијан Милошевски (Работнички)
25 – Орданчо Лазов (ГРК Тиквеш)
24 – Марко Митев (Аеродром)
24 – Митко Стоилов (Младост Богданци)
23 – Васе Петров (Весна Акумулатори)