Преспа се загреа за Бутел со гостински триумф над Текстилец

Ракометарите на Преспа триумфираа над штипски Текстилец во заостанатиот натпревар од 9 коло во Првата лига со 22:27. Домашните отворија со 3:0, но гостите се вратија на средината на првиот дел и по 6:4 постигнаа 4 голови во серија 6:8. До крајот на полувремето беше 10:10.

300x250

Се играше најчесто гол за гол до 16:16, а потоа гостите заиграа подобро во одбрана, Текстилец се повеќе грешеше во напад и ралика полека растеше. Имаа гостите од Ресен и плус 6, 19:25, но на крајот сепак мечот заврши со 22:27.

Најдобар стрелец кај Преспа беше Шиклевски со 9, Шабединовски даде 5, додека кај Текстилец се истакна Васе Петров со 11. Преспа следниот дуел го игра на гости кај непоразениот Бутел, а Текстилец ќе игра дома против Спартак.