Преседан: За коментаторот на МТВ, Стоилов е „Играчот со број 5“ (ВИДЕО)

Еден од хероите на Македонија во стартната победа на Светското првенство против Јапонија, Стојанче Стоилов се чини е под ембарго кога станува збор за Вториот канал на Македонската телевизија.

Според пишувањето на infosport.mk коментаторот на Вториот канал на МТВ веројатно поради напуштањето на Стоилов на манифестацијата „Спортист на годината“ во организација на Агенцијата за млади и спорт. Стоилов тогаш напушти бидејќи се говореше на манифестацијата и на албански.

Сега на МТВ 2 коментаторот во 60 минути ниту еднаш не го спомена името на Стојанче Стоилов. При секој контакт со топката и секој гол на Стоилов тој коментираше: „Ракометарот со број 5“. Истото се случи и при доделувањето на наградата за МВП.