Пред шеснаесет години Вардар му го зема скалпот на големиот Кил (ВИДЕО)

Неполни три дена не делат од првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу германскиот ракометен гигант Кил, и актуелниот европски  шампион Вардар. Се очекува спектакуларно четвртфинале помеѓу овие два тима, a Вардар како актуелен европски владетел несомнено ќе биде голема инспирација како за популарните “зебри”, така и за нивните навивачи кои без сомнение до последно место ќе ја исполнат “Шпаркасе” арена.

300x250

Ова ќе биде трето соочување помеѓу Вардар и Кил во Лигата на шампионите, откако се пресметаа во сезонaтa 2002/2003 и 2009/2010.

Во натпреварите пред шеснаесетина година (2002/2003)  кои беа дел од групата Д од Лигата на шампионите , вардарци имаа половичен учинок. Најпрво беа високо поразени во Германија 34-23 (15-11), додека на натпреварот во СРЦ” Кале” го фрлија на колена германскиот гигант славејќи со 28-27.

Тоа беше генерацијата на вардарци во која настапуваа Олег Маљцев, Кирил Атанасовски, Стевче Алушoвски, Ванчо Димовски, Александар Јовиќ, Лазе Мајнов, Петар Мисовски, додека пак на спротивната страна играа супер ѕвезди од типот на Штефан Ловгрен, Стафан Олсон, актуелниот тренер на Рајн Некар Ловен-Јакобсен, Доминиковиќ, Фриц.

Како изгледаше сето тоа погледнете на видеата подоле.

Традицијата не е на страната на Вардар, кој во четири натпревари против Кил има забележано една победа и три порази. Но тоа беа некои други времиња кога улогите беа сосема спротивни. Кил беше екипата која тогаш доминираше во европскиот ракомет, беше вистинска машинерија и ретко која екипа можеше да и парира.

Денес Вардар ги пречВардарци повторно се сретнаа со Кил и во сезоната 2009/2010, каде во рамките на групата Д на двапати беа високо поразени. Кил славеше најпрво во Скопје (арена Борис Трајковски) со 23-33, а во Германија поразот беше уште поубедлив 39-23 во корист на германскиот гигант. Таа сезона боите на Вардар ги бранеа Пецаковски, Ангеловски, Алушевски, Маркоски, Макалоски, а зошто вардарци доживеаа два тешки порази таа сезона сведочи и составот на Кил кој беше предводен од Јиха, Палмарсон, Илиќ, Нарцис, Клајн.

Дел од атмосферата која ја направија комитите на дуелот помеѓу Вардар и Кил (сезона 2009/2010)

Традицијата не не страната на Вардар кој во меѓусебните дуели со Кил има забележано една победа и три  порази. Сепак тоа беа некои други времиња кога Кил беше ракометна машина и ретко која екипа успеваше да остане непоразена во дуел со нив. Денес улогите се поразлични, Вардар ги пречекува германците како актуелен европски шампион па и очекувањата се сосема спротивни. Едно е сигурно. Не очекува фантастично четвртфинале кое ќе понуди атомски ракомет, а судејќи по продажбата на картите и пеколна атмосфера на трибините.

Првиот четвртфинален натпревар помеѓу Кил и Вардар се игра во Германија на 22 април (недела) со почеток во 17:00, часот, а реваншот е закажан за 29 април (недела) исто со почеток од 17:00 часот во СЦ”Јане Сандански” во Скопје.