Пред публиката во Струга нема бодови за никого

Ракометарите на Струга одиграа одлична средба против Вардар Неготино и во ефикасен дуел со дури 70 погодоци забележаа победа од 39:31.

300x250

На овој дуел стружани беа во предност речиси во текот на сите 60 минути. Гостите израмнија при 1:1, а потоа следеше создавање на предност од домашните кои до крајот на првиот дел ја зголемија до девет гола и имаа девет гола позитива на одмор од 19:10.

Сигурната игра продолжи и во вторите 30 минути кога неготинци намалија за еден гол, но не можеа повеќе.

Ова беше загревање за дерби средбата следниот викенд кога во Неготино ќе пристигне Металург јуниор, а ова ќе биде двобој кој би можел да реши многу работи во сезоната.

СТРУГА – ВАРДАР НЕГОТИНО  39:31 (19:10)

Сала: „Тими“ во Струга. Гледачи: 100. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Скопје.

СТРУГА: Мечкароски, Стојаноски, Затаракоски, Попоски, Кузманоски 5, Крстаноски 6, Гронки, Јанкулоски 4, Нацев 2, Ѓошески 7, Башески 6, Тренчески 4, Гајиќ 2, Бајрамоски 3, Танески

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Темелков, Ивановски, Ташев, Трајков 1, Здравковски, Кузманов 5, Астарџиев 1, Коејев, Г. Ивановски, Арсов 2, Стаменов 9, Недевски 3, Трајкоски 5, Вељанов 3, Паланков 2.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 6 мин.