Пред натпреварот поздрави и прегратки, ама после….(ФОТО)

Натпреварот од Президент Купот меѓу Македонија и Русија, ќе биде дуел на две селекции чии играчи многу добро се познаваат.

Четворица ракометари на руската репрезентација – Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Дмитри Кисељов и Глеб Калараш играат за Вардар, а поранешен играч на „црвено-црните“ е Александар Деревен.

Пред натпреварот капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов се поздрави со клупските соиграчи Дибиров и Шишкарев, ама сигурно дека за време на мечот нема да биде нежен со нив…