Пред дуелот со Германија на ЕП: Македонци, внимавајте на „лудиот“ Хајнефетер (ВИДЕО)

Најдобриот поединец на последниот меч меѓу Германија и Македонија на Светското првенство во Шпанија пред четири години, голманот Силвио Хајнефетер, во одлична форма доаѓа и во Загреб, на мегдан на нашата репрезентација во групната фаза од ЕП.

300x250

Темпераментниот голман на Фуксе Берлин, во бундеслигашкиот дуел меѓу неговиот тим и Магдебург, одбрани пенал по истекот на времето на Роберт Вебер и го спаси Фуксе од пораз, па мечот заврши 23:23. Пред шутот на Вебер тој неспортски гестикулираше и се движеше пред голот, а по одбраната му се внесе во лице на австриското десно крило. Очекувајте нешто слично од него и во Хрватска…