Пред дуелот со Вардар, ЕХФ го казни сопственикот на Келце

Полските клубови Келце и Висла Плоцк последните неколку седмици редовно добиваат казни од Европската ракометна федерацијата. Прво поради амблемите на дел од спонзорите, а сега казна доби и сопственикот на Келце, Бертус Сервас.

Како што се наведува во соопштението од ЕХФ, тој е казнет со 500 евра, а таа казна е поради неговото неспортско однесување кон судиите за време и по завршувањето на натпреварот против Рајн Некар Ловен. ЕХФ објасни дека тој ги прекршил правилата на фер-плеj.

Оваа казна од 500 евра е мала во споредба со високите износи што треба да ги платат двата полски тимови. Првата изнесуваше 12,5 илјади евра, поради користење на логоата од ПГЕ и Орлен, компании кои се занимаваат со иста дејност како најновиот спонзор на ЕХФ, Норд Стрим 2.

Оваа ситуација се уште ја нема својата разрешница, а на 16 октомври, претставници на полските клубови ќе имаат состанок во Виена со претставници на ЕХФ, за да се реши проблемот со користењето на логоата.