Пред десет дена и ги оперираа скинатите лигаменти, денеска веќе е на тренинг (ВИДЕО)

Репрезентативката на Норвешка и ракометарка на ЧСМ Букурешт, Нора Мерк иако минатата недела беше оперирана, веќе почна со рехабилитацијата бидејќи сака навреме да се врати на терените за да може да влезе во натпреварувачка форма пред подготовките за Олимписките игри во Токио следното лето.

Мерк доживеа нова тешка повреда на натпреварот од Супер купот на Романија. Практично таа ја обнови повредата на лигаментите на коленото и повторно мораше на операција.

Нејзината решителност да се врати на терените уште посилна уште еднаш ја покажа со видеото кое го објави на социјалните мрежи. Мерк иако пред само десет дена имаше операција на коленото таа веќе почна да се подготвува и да тренира во теретана. Главна цел и мотивација е настапот на Олимписките игри во Токио.

Во видеото во продолжение погледнете дел од тренингот на норвежанката.