Пред две децении играа во Вардар, сега се селектори на Македонија и Грузија

Соиграч на селекторот на Македонија од пред точно две децении од редовите на тогаш Вардар Ватростална води репрезентација на ЕХФ-шампионатот во Грузија. Се работи за еден од играчите кои оставија длабока трага во историјата на „црвено-црните“.

Тите Каландадзе беше еден од левите бекови кои располагаа со неверојатен шут. Грузиецот кој има 46 години сега е на чело на кадетската селекција на својата земја.

Грузија е во другата група и можноста некогашните соиграчи Данило Брестовац и Тите Каландадзе да се сретнат на терен еден против друг ќе биде евентуално во полуфиналето или во некој од натпреварите за пласман.

Грузија вчера стартуваше со реми против Финска, а денеска има тежок дуел против Белорусија.