Пред две години освоија титула во Купот, денеска прогласија стечај

Тимовите кои се борат за опстанок во најсилната лига во Данска во машка конкуренција можат да здивнат. Причината за тоа е откажувањето на еден од петте тимови така што нема да има испаѓање од лигата, па сега ќе треба само формално да биде довршена сезоната.

300x250

Екипата на Митјиланд која во 2016 година победи во Купот на Данска, остана без можност за натпреварување откако се повлече од игрите во првенството. Клубот влезе во стечај, па Федерацијата го прифати барањето за повлекување од натпреварувањето така што екипата веднаш беше исклучена од игрите.

Ова значи дека беше избришана победата од 37:25 против Сондерјиске обезбедена минатиот викенд е избришана, па сега се очекува да се види судбината на машкиот тим на Митјиланд.