Пред три месеци играше против Металург, а сега Ѓер ја купи за 50 илјади евра

Откако во текот на летото европскиот шампион Ѓер остана без холандската репрезентативка Ивет Брох, која ненадејно реши да ја заврши кариерата, мораше да се пушти во потрага по нови ракометарки за пивотменската позиција.

Таму сега игра Норвежанката Кари Братсет, но раководството на унгарскиот тим посакуваше уште една ракометарка за поголема ротација. Потрагата заврши во францускиот Иси Париз, а станува збор за романската репрезентативка Крина Пинтеа.

Пинтеа играше за Иси Париз против Металург во првото квалификациско коло на двете средби во Скопје, а во овој момент настапува за романската репрезентација на Европското првенство во Франција.

Бидејќи таа е под договор со Иси Париз, Ѓер мораше да му плати 50.000 евра оштета на францускиот клуб. Пинтеа потекнува од составот на Залау, потоа две години беше дел од германскиот Турингер, пред да се пресели во Иси Париз.