Прв трофеј за Лазаров и Нант

Финалистот од минатата година од Лигата на шампионите, Нант го освои првиот трофеј летово откако на Шпаркасен купот во Енинген дојде до две победи, а со тоа и до првото место.

Нант беше подобар од Штутгарт со 37:30, а потоа и од тимот на Есбјерг со 24:23, па на тој начин го заработе трофејот од овој турнир.

Ова беше одличен вовед за финишот од подготовките, а со тоа и за новата сезона во која тимот на Нант ќе има тешка битка со ПСЖ и со Монпелје во најсилната лига на Франција.