Прв интернационален предизвик: Мартин Димов се сели во Словачка

Доскорешното десно крило на Вардар Јуниор, Мартин Димов, во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.

Велешанецот заминува во словачкиот шампионат и ќе ги брани боите на тимот на Шала, а потпиша договор на една година, кој што може да биде продолжен на уште една ако двете страни се задоволни од соработката.

Димов потекнува од составот на Велес, а освен за Вардар Јуниор, играше и за Вардар на неколку натпревари во регионалната СЕХА лига и остави добар впечаток.