Прв интернационален предизвик: Горан Крстевски се сели во австриски Линц!

Доскорешниот ракометар на Еурофарм Работник и македонски репрезентативец Горан Крстевски, во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик. Средниот бек на „фармацевтите“, кој во Битола помина три години, се сели во австрискиот тим Линц, каде би требало да потпише двегодишен договор.

Крстевски потекнува од Ресен, а потоа беше дел од тогашниот Металург Јуниор, како и првиот тим на Металург, каде не добиваше премногу шанса. Потоа се пресели во Битола, во дресот на Еурофарм Работник, со кој играше и во групната фаза од Купот на ЕХФ.

Тимот на Линц оваа сезона не успеа да се избори за разигрување за титулата во Австрија и беше дел од плеј-аутот.