Прво, па машко: Кузмановски во дебито му донесе победа на Магдебург!

Германските екипи уште не почнати со подготовки, а веќе играат пријателски натпревари на големо. Ракометрите на Магдебург, каде што во следната сезона ќе игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, се наоѓаат на подготовките во местото Ашерслебен и веќе го одиграа првиот дуел.

Натпреварот против Лајпциг се играше два пати по 20 минути. На десетина секунди до крајот, при резултат 13-13, голманот на Магдебург одбрани пенал, па тренерот викна тајм-аут. Беше договорена акција за нашиот бек и тој во последната секунда го погоди голот на ривалот за конечни 14-13.

Следен пријателски натпревар, Магдебург ќе одигра на 23 јули против Хутенберг.