Прво засилување во Автокоманда: Милан Поповиќ потпиша за Металург!

По многуте заминувања од тимот на Металург, конечно стигна информација и за прво засилување во некогашниот првак на Македонија.

Станува збор за левото крило на Пелистер, Милан Поповиќ, кој по една помината сезона во Битола, каде што беше меѓу најдобрите играчи, се сели во Скопје.

Црногороскиот репрезентативец потпиша договор на една година, а кој ракометар ќе му прави друштво на левата крилна позиција, ќе дознаеме наскоро.

Таму лани играа Димитар Димитриоски и Бојан Маџовски, кои заминаа во други клубови.