Прволигашка пресметка: Астраион и Младост постигнаа 68 гола

Контролата меѓу тимовите на Астраион и Младост заврши со победа на струмичани од 35:33 и ова беше можност за тренерите на двете екипи да видат до каде е формата на ракометарите за новата сезона.

Астраион ги одработи подготовките во Банско, а ова е доказ дека работите одат во вистински правец. Младост, пак, во својот план има нови контроли кои ќе бидат одиграни во текот на следната седмица.

Во понеделник во Дојран следува натпревар против екипата на Прилеп, додека в среда во Богданци ќе дојде тимот на Цемс. Тоа ќе биде одлична можност за нова проверка на силите и да се види до каде е формата на ракометарите на екипите на 20 дена до стартот од новата сезона.