Прволигашката доминација на Бутел Скопје продолжува (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Бутел Скопје денеска дојдоа до нова победа во Првата машка лига која е вкупно 15-та во 15. меч сезонава. По вторпат го надиграа Металург јуниор кој е второпласиран во Првата лига и кој сезонава се покажа како главен ривал за првото место.

Според она што момците го прикажаа на теренот одбраната беше во преден план кај двете екипи што покажуваат и малкуте голови. Бутел победи со 20:14 така што не остави простор за надеж на противничките ракометари.

Инаку, ова е само продолжение на доминацијата која што трае од почетокот на сезоната во првенството кај прволигашите.