Прва машка лига, Група 2: Само Вардар Неготино засега е сигурен

За разлика од Групата 1 каде веќе се знаат две екипи кои одат во битката за место во Супер лигата, во Групата 2 пред одигрувањето на последните две кола само Вардар Неготино е сигурен. Сепак, доколку овој тим победи во Струмица во 13. коло тогаш ќе му се придружат уште три екпии.

Македонија Ѓорче Петров, Јуниор Кисела вода и Младост 09 се трите екипи кои се на чекор од плеј-оф, но им треба уште по една победа за да можат сигурно да завршат меѓу осумте состави кои напролет ќе разигруваат за пласман меѓу суперлигашите.

Засега овие четирите екипи се во горниот дел од табелата, а Астраион кој загуби кај Младост 09 заостанува и полека го губи чекорот .

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 2

РЕЗУЛАТИ ОД 12. КОЛО

КУМАНОВО – РИНИА М              33:34

ВАРДАР НЕГОТИНО – МАКЕДОНИЈА ЃП              27:23

ТЕКСТИЛЕЦ – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА   16:23

МЛАДОСТ 09 – АСТРАИОН        27:26

СЛЕДНО, 13. КОЛО (08/09.12.2018)

КУМАНОВО – ТЕКСТИЛЕЦ

РИНИА М – МЛАДОСТ 09

АСТРАИОН – ВАРДАР НЕГОТИНО

МАКЕДОНИЈА ЃП – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА

ТАБЕЛА: 1. Вардар Неготино 29 (332:271); 2. Македонија ЃП 24 (297:274); 3. Јуниор Кисела вода 23 (321:294); 4. Младост 23 (329:306); 5. Астраион 19 (316:288); 6. Риниа М 15 (343:368); 7. Текстилец 7 (271:341); 8. Куманово 0 (300:367).