Прва машка лига, Група 2: Неготинци и понатаму во предност

Откако во 4. коло двобојот меѓу Вардар Неготино и Металург јуниор финишираше со нерешени 20:20 повеќе лидерот на табелата не може да се пофали дека има максимален број на бодови. Сепак, и после овој натпревар предноста во однос на второпласираниот состав е два бода, па јасно е дека нема голема предност која гарантира мирно продолжение на сезоната.

Ниту Металург јуниор не може да биде сигурен за 2. место бидејќи Астраион и Младост 09 имаат бод помалку, па јасно е дека ќе следува голема битка и ќе има многу интересни натпревари до крајот од овој дел од сезоната во кој се бараат четирите екипи за плеј-оф рундата напролет.

Инаку, во ова коло само Астраион победи на гостувањето, а и тука како и во Групата 1 дербито зарши со нерешен резулта. Домашни победи си обезбедија Младост 09 и Текстилец.

ПРВА МАШКА ЛИГА – ГРУПА 2

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

МЛАДОСТ 09 – МАКЕДОНИЈА ЃП            26:20 (извештај)

ВАРДАР НЕГОТИНО – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР          20:20 (извештај)

ТЕКСТИЛЕЦ – РИНИА М              34:27 (извештај)

КУМАНОВО – АСТРАИОН           27:30 (извештај)

СЛЕДНО, 5. КОЛО (13/14.10.2018)

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР – ТЕКСТИЛЕЦ

РИНИА М – КУМАНОВО

АСТРАИОН – МЛАДОСТ 09

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР НЕГОТИНО

ТАБЕЛА: 1. Вардар Неготино 10 бода (105:80); 2. Металург јуниор 8 (118:97); 3. Астраион 7 (105:95); 4. Младост 7 (102:97)…