Прва машка лига, Група 2: Вардар Неготино и Младост 09 без прaво на грешка

Главниот дуел во Првата машка лига во групата 2 викендов се игра во Неготино. Тимот на Вардар Неготино е домаќин на Младост 09 и ова е средба на која и двете екипи немаат право на грешка.

Вардар Неготино ако сака да го одбрани првото место мора да тргне офанзивно од старт додека Младост 09 ќе се потруди да ги освои бодовите и да остане во трка за позициите кои водат во плеј-оф битката.

На другите три средби домашните состави се во предност пред почетокот, но секогаш се можни изненадувања.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 2

ДВОЈКИ ЗА 9. КОЛО

САБОТА, 10.11.2018

18:00ч

ВАРДАР НЕГОТИНО – МЛАДОСТ 09

Сала: Гим. Кирил и Методиј во Неготино. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Дане Ѓорѓиевски од Ресен.

НЕДЕЛА, 11.11.2018

12:00ч

АСТРАИОН – ТЕКСТИЛЕЦ

Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

12:00ч

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – МРК КУМАНОВО

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

19:00ч

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – РИНИА М

Сала: Гим. Кочо Рацин во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

ТАБЕЛА: 1. Вардар Неготино 19 бода (218:177); 2. Јуниор Кисела вода 17 (220:198); 3. Младост 16 (221:200); 4. Македонија ЃП 15 (197:186); 5. Астраион 13 (194:180); 6. Текстилец 7 (184:213); 7. Риниа М 6 (219:255); 8. Куманово 0 (200:244).