Прва машка лига, Група 1: Тиквеш пред своја публика бара тактика за победа над лидерот

Дерби средбата од 5. коло во Групата 1 во Првата машка лига се игра во Кавадарци. Тука ќе се види дали лидерот Работнички е подготвен за атак на највисокото место или има свои слабости што ќе значи дека другите екипи имаат исто така свои шанси за врвот.

ГРК Тиквеш од стартот на сезоната покажува дека има квалитет, а пред сè на домашен терен никој нема да може лесно да ги надигра. Затоа овој дуел може да покаже многу околу првото место на табелата во Група 1.

Утре, пак, има уште еден дерби дуел и тоа меѓу Младост Богданци и Металург 2, а тука важи речиси истото што е кажано и за претходниот дуел. Нијанси ќе пресудат и сосема извесно е дека ќе треба да се одработи на високо ниво за да се дојде до посакуваниот резултат. Тука нема предност за никако и моментната инспирација ќе одлучи за бодовите.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

САБОТА, 13.10.2018

17:00ч

ГРК ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

НЕДЕЛА, 14.10.2018

13:30ч

АЕРОДРОМ – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Адриана Здраковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

18:00ч

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – МЕТАЛУРГ 2

Сала: „Млаз“ во Богданци. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

19:30ч

ПРЕСПА 2015 – ПАРТИЗАН

Сала: „Заре Стојановски“ во Ресен. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Дане Ѓорѓијевски од Ресен.

ТАБЕЛА: 1. Работнички 10 бода (153:83); 2. Младост Богданци 9 (112:99); 3. ГРК Тиквеш 8 (143:107); 4. Металург 8 (130:106)…