Прва машка лига, Група 1: Работнички и Металург 2 во битка за врвот

Средбите од 9. коло во Групата 1 од Првата машка лига носат две дерби пресметки во кои никој не може предвреме да запише бодови.

Лидерот Работнички ќе има сериозен предизвик против Металург 2 и ова ќе биде дуел кој ќе даде голема одлука околу првото место во групата во овој дел од сезоната. Сосема извесно е дека тука неизвесноста ќе биде присутна исто како и на првиот меч, па нијанси ќе го дадат победникот.

Истото важи и за дуелот во Кавадарци. ГРК Тиквеш минатиот викенд покажа дека може да победува против секого и на гости, па сега треба тоа да го потврди и на пресметката со Преспа, а ова е директен двобој за пласман во плеј-офот.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

ДВОЈКИ ЗА 9. КОЛО

САБОТА, 10.11.2018

13:00ч

АЕРОДРОМ – ПАРТИЗАН

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

15:00ч

РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ 2

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

15:00ч

ГРК ТИКВЕШ 2014 – ПРЕСПА 2015

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкулоски од Битола.

19:00ч

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ

Сала: „Млаз“ во Богданци. Судии: Роберт Пановски и Божидар Димитриевски од Велес. Делегат: Тодор Јосмов од Велес.

ТАБЕЛА: 1. Работнички 22 бода (297:170); 2. Металург 20 (265:196); 3. ГРК Тиквеш 14 (277:248); 4. Преспа 13 (252:195); 5. Младост Богданци 12 (226:235); 6. Аеродром 9 (241:272); 7. Весна Акумулатори 3 (216:263); 8. Партизан 0 (121:316).