Прва машка лига, Група 1: Битката за врвот се разгорува

После 4. коло во Првата машка лига, Група 1 има интересна ситуација во која неколку екипи се во само неколку бода разлика односно во една победа што значи дека нема можност за никој да се опушта. Со оглед на тоа што екипите се борат за четирите места кои водат во битката за пласман во Супер лигата тука има и петти тим така што е сосема јасно дека никој не смее да биде опуштен.

Ситуацијата е сосема јасна во моментов, но никој не може да биде сигурен, па затоа ќе биде навистина интересно на следните средби кои се предвидени за викендот кој следува.

Во 4. коло Работнички ја спаси честа на домашните тимови, додека Пресма и Младост Богданци славеа на гостувањата. Затоа, пак, дербито на колото заврши без победник откако Металург 2 и ГРК Тиквеш ремизираа.

ПРВА МАШКА ЛИГА – ГРУПА 1

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ – ПРЕСПА           24:34 (извештај)

РАБОТНИЧКИ – АЕРОДРОМ     41:23 (извештај)

ПАРТИЗАН  – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ      15:26 (извештај)

МЕТАЛУРГ 2 – ГРК ТИКВЕШ        29:29 (извештај)

СЛЕДНО, 5. КОЛО (13/14.10.2018)

ГРК ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ

АЕРОДРОМ – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – МЕТАЛУРГ 2

ПРЕСПА – ПАРТИЗАН

ТАБЕЛА: 1. Работнички 10 бода (153:83); 2. Младост Богданци 9 (112:99); 3. ГРК Тиквеш 8 (143:107); 4. Металург 8 (130:106)…