Прва машка лига: Бутел е лидер и единствен со максимални девет бода

Со комплетирањето на 3. коло во Првата машка лига дојде до формирање и на табелата на која има само еден тим со максимален број на бодови. Бутел одигра одлично на дерби дуелот против Металург јуниор и сега е лидер на табелата, а со оглед на тоа што во 4. коло игра на домашен терен против составот на Текстилец не се очекува да има поголеми проблеми да го задржи ова место.

Според тоа како се движат работите Металург јуниор останува главен кандидат за конкурирање за врвот, но сега има дури седум екипи кои имаат по две победи и јасно е дека ќе има голема битка во продолжение од сезоната.

ПРВА МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР – БУТЕЛ             20:22

СТРУГА – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР             40:26

ВАРДАР НЕГОТИНО – РУДАР                        45:25

ПРЕСПА 2015 – МЛАДОСТ 09           29:16

ТЕКСТИЛЕЦ – РИНИА М                    30:25

СПАРТАК – КУМАНОВО                    28:29

ПАРТИЗАН – ГРК ТИКВЕШ                 30:26

СЛЕДНО, 4. КОЛО (14/15.10.2017)

МЛАДОСТ 09 – РИНИА М

БУТЕЛ – ТЕКСТИЛЕЦ

ВАРДАР ДЕЛЧЕВО – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

РУДАР – СТРУГА

КУМАНОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО

ГРК ТИКВЕШ – СПАРТАК

ПРЕСПА 2015 – ПАРТИЗАН