Прва лига ли е, ЛШ ли е: Серафимов, Лазаревски, Шилегов…играа за Металург 2 – и загубија

Ракометарите на Работнички и по девет кола во групата 1 од Првата лига ја продолжува непобедливоста. Иако против себе имаше играчи кои се дел од составот на првиот тим на Металург во Лигата на шампионите, сепак Работнички славеше против Металург 2 со убедливи 35-31.

Во првиот дел избраниците на Раде Стојановиќ ја имаа контролата на теренот и најчесто беа во предност, во еден момент водеа и со +3, а на пауза се замина со водство на Металург 2 со 14-16. Во второто полувреме Металург 2 водеше и со 19-20, пред да се случи комплетен пресврт.

Работнички воден од одличното крило Никола Димитров поведе со 23-20 и до крајот во ниту еден не ја испушти предноста. Се обидуваа гостите на разни начини да се вратат во мечот, но никако не успеваа. Водеше домаќинот и со +6, но на крајот мечот заврши со 35-31.

За Металург 2 на овој дуел настапија Милан Лазаревски, Мице Шилегов, Виктор Василевски, Мартин Серафимов, Михајло Младеновиќ и Стефан Додиќ, кои на одредени натпревари беа во ростерот и на мечевите во ЛШ.

Најдобри стрелци кај победникот беа десниот бек Олег Кумогородски со 13 голови, како и Никола Димитров со девет, додека џабе беа 10 голови од Мартин Серафимов и Мице Шилегов.