Прва заедничка радост за Талески и Абутовиќ

Рајн Некар Ловен тргна со титула во новата сезона откако во Супер купот со кој се отвора новиот шампионат успеа да го совлада составот на Флензбург со 33:26.

Ова беше средба на која Рајн Некар доминираше и во поголемиот дел од мечот. Дуелот тргна израмнето и имаше многу погодоци во првите десетина минути. На крајот од првиот дел имаше 34 гола, а Рајн Некар водеше со 18:16.

Во вторите 30 минути имаше помал број на голови, но и понатаму имаше надигрување. И на двете страни повеќе се внимаваше на одбраната, а онаа на Рајн Некар покажа подобра игра. Со Абутовиќ секако е полесно да се спречуваат противничките ракометари.

Филип Талески немаше голови на овој дуел, а ги немаше и од Илија Абутовиќ, но најважно е што и двајцата тргнаа со трофеј во новата сезона и што ќе имаат можност победнички да влезат во шампионатот кој трга веќе овој викенд.