Првата група кај прволигашите ја отвораат Работнички и Партизан

Со средбата меѓу Работнички и Партизан денеска се отвора сезоната и во Првата машка лига и тоа во групата 1 каде се очекува голема битка за четирите позиции кои водат во плеј-оф рундата напролет.

300x250

Тешко е да се даде подобра најава за она што претстои во сезоната бидејќи има неколку нови екипи и неколку екипи со изменети состави, но првите неколку кола сигурно ќе покажат кои тимови се со поголеми шанси.

Пред почетокот на групата 1 Металург 2, Тиквеш, Работнички и Преспа се со мала предност во однос на другите екипи, но никој не смее да им го одземе правото на надеж на другите тимови, па сосема извесно е дека ова ќе биде интересна сезона во која прволигашите ќе имаат 14 кола за пласман во плеј-оф групата и уште 14 кола за битка за влез во Супер лигата.

ПРВА МАШКА ЛИГА – ГРУПА 1

САБОТА, 15 СЕПТЕМВРИ

15:00ч

РАБОТНИЧКИ – ПАРТИЗАН

Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Митко Ѓоргиевски од Скопје.

НЕДЕЛА, 16 СЕПТЕМВРИ

12:00ч

ЦЕМС – ПРЕСПА

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

МЕТАЛУРГ 2 – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

19:00ч

ТИКВЕШ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци“. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.