ППД Загреб размислува за иднината: Словенечкиот џин ќе застане на голот на хрватскиот шампион

Еден од најголемите засилувања за хрватскиот шампион оваа сезона е словенечкиот репрезентативец Урх Кастелиќ. Високиот чувар на мрежата ќе го замени Стевановиќ на голот на ППД Загреб и ќе ја осигура иднината на Загреб кога се во прашање голманите. ППД Загреб потпиша договор со словенечкиот репрезентативец на три години.

Младиот (21годишен) ракометар бргу го најде своето место меѓу избраниците на Веселин Вујовиќ во сениорската репрезентација на Словенија. Но тоа не му успеа и меѓу стативите на својот матичен клуб Целје. Од 2012 словенечкиот голман заминува на позајмица во Слован, Марибор Браник, а минатата сезона како позајмен играч го имаше своето интернационално деби во составот на Пик Сегед.

Од Целје пристигнува како големо засилување кое треба да ја пополни празнината што ја остави заминувањето на популарниот „Стиви“. Тој е шестиот ракометар кој ќе го засили хрватскиот шампион откако во Загреб, новиот тренер Каменица ги доведе Дамир Бичаниќ како најзвучно име, потоа Тин Лучин, Матеј Хрстиќ, Јосип Божиќ-Павлетиќ и Валентино Равниќ.