ППД Загреб обезбеди Ф4 на хрватскиот куп, Хорват постигна 14 гола!

Ракометарите на ППД Загреб обезбедија пласман на завршниот турнир од Хрватскиот ракометен куп.

300x250

Популарните “лавови” во последниот натпревар го совладаа ГРК Вараждин 1930 со резултат 35-25 (19-13), а посебно импресивен на теренот беше Златко Хорват кој постигна дури 14 голови.

Со оваа победа ППД Загреб им се придружи на Дубрава и Умаг, а последниот натпревар помеѓу Сесвете и Нексе ќе го даде и четврттиот тим учесник на Фајнл-фор турнирот на Хрватскиот ракометен куп.