По барање на Брестовац, поместено 14 коло во Суперлигата

Последното коло од есенскиот дел во Суперлигата, ќе се одигра порано од предвиденото. Иако беше закажано за 16 и 17 декември, ќе се одигра три дена порано, односно веќе во вторник и среда. Ова поместување се случува поради барањето на селекторот на кадетите, Данило Брестовац.

Кадетската репрезентација ќе настапи на меѓународен турнир во Васлуи, Романија. На турнирот што ќе се одржи во периодот од 14 до 18 декември 2017, Македонија ќе одигра натпревари со селекциите на Израел, Белорусија и домаќинот Романија.

14 коло започна со натпреварот меѓу Пелистер и Прилеп, во вторник ќе се игра средбата меѓу Охрид и Металург 2, а во среда се закажни дуелите меѓу Е. Работник и Борец, како и меѓу Вардар Јуниор и велешки Борец.