Почна СП за дами: Домаќинот Германија прелесно до триумф над Камерун

Селекцијата на Германија се избори за победа од 28:15 на мечот против Камерун на стартот на Мундијалот на кој се домаќини, а со овој триумф само се загреаја за претстојните дуели коишто ќе следуваат во следните 17 дена.

300x250

Германија беше голем фаворит на овој меч, а тоа се виде и на теренот со оглед на тоа што Камерун не беше ривал од кој може да се стравува. Во ниту еден момент немаше проблем за победата, а беше очигледно дека девојките од Бундес-составот не форсираат туку играат колку што е потребно за да ги освојат бодовите.

Камерун не е репрезентација која би можела да им парира на најсилните селекции од Европа, па тоа Германија го искористи на најдобар можен начин со што само успеа да тргне во шампионатот со два бода.

Денеска беше одигран само овој меч, а веќе од утре стартуваат поголемиот број на возбудувања кога на терен излагаат и другите репрезентации.

Фото: sport1.de