Почна походот: „Лавовите“ летнаа за Хрватска (ФОТО+ВИДЕО)

Како и секој јануари неколку години наназад, така и овој ќе биде одбележан со настапите на машката ракометна репрезентација.

„Лавовите“ го започнаа походот кон Хрватска во обид да изборат што подобар резултат и уште еднаш да ја израдуваат македонската нација.

Тие веќе се во Загреб, откако отпатуваа утринава од аеродромот „Александар Велики“. Во Загреб во следните два дена ќе им се приклучат и голем број навивачи.

Првиот натпревар го играме в сабота против Словенија, а потоа в понеделник е пресметката со Црна Гора, додека в среда е последниот дуел од групната фаза против Германија.