Почина претседателот на еден од најпрестижните ракометни турнири

Денеска рано наутро на 62 годишна возраст, почина претседателот на еден од најпрестижните ракометни турнири францускиот “Eurotournoi,Кристијан Карл.

300x250

Карл беше двигател на сите изданија на престижниот “Eurotournoi, и успеа да ја прошири неговата популарност на светско ниво. Турнирот започна да се одржува во далечната 1994 година, a во 2013 година свои учество на турнирот зема и македонскиот и европски шампион Вардар. Од останатите клубови од регионот на “Eurotournoi” настапувале РК Загреб, Целје Пивоварна Лашко, Веспрем, Пик Сегед и др.