Почина еден од најдобрите руски тренери, Левон Акопјан

Тренерот кој во 2008 година на Европското првенство во женска конкуренција кое се одржа во Македонија имаше улога на советник во стручниот штаб, Левон Акопјан почина на 73 годишна возраст.

300x250

Стратегот кој беше голем пријател со раководството на Кометал Ѓорче Петров и секогаш кога доаѓаше во Македонија го правеше тоа со задоволство почина во Волгоград. Тој беше тренер кој зад себе остави големи успеси и на клупски и на репрезентативен план.

Роден е на 7 ноември во 1944 година во Техеран. Најдолг временски период од тренерската мина во Волгоград како дел од тимот кој се викаше Аква, а потоа и Динамо. Со овој состав во деведесеттите години на минатиот век доминираше во Русија.

Последната тренерска работа ја имаше во Лада Тољати, а како селектор на младинската репрезентација имаше златни медали на Светските првенства во 1993 и 2003 година. Тој победи со селекцијата на Русија на првиот шампионат кој беше организиран во Македонија.