Потсетување од СЕХА: Двајца „металурзи“ меѓу Топ 5 асистенти (ВИДЕО)

Металург го имаше најдобриот стрелец во СЕХА-лигата за сезоната која заврши минатиот месец, но имаше и двајца ракометари кои успеаја да стигнат до Топ 5 меѓу најдобрите асистенти. Двата беа имаа одлична сезона, па успеаја да се вбројат меѓу најдобрите додавачи.

300x250

Се работи за Филип Кузмановски и Мартин Велковски. Тие ги имаат позициите 3 и 4 на листата на најдобри асистенти, а ги дели само една асистенција.

Велковски е позиција погоре од капитенот на Металург, а тој е на 12 асистенции од првопласираниот на листата.

СЕХА направи видео со кое потсетува кои пет ракометари имаа најдобра сезона односно успеаја да стигнат до најголем број на асистенции.